Четиригодишно американско девојче кое се лекува од рак е депортирано од САД

Од:

Три деца, државјани на САД, беа депортирани во Хондурас минатата недела со нивните мајки, вклучувајќи и едно четиригодишно девојче кое се лекува од метастатски рак, соопштија адвокатите на семејството и организацијата за граѓански и имигрантски права, објави Си-Ен-Ен.

Во еден случај, мајка била депортирана со своето двегодишно дете, додека во друг, мајка била протерана заедно со нејзините четиригодишни и седумгодишни деца, се вели во соопштението на Американската унија за граѓански слободи (ACLU) и Националниот проект за имиграција.

Според адвокатите и судските документи, сите жени и деца биле уапсени за време на рутински состаноци со службеници за имиграција во Луизијана, како дел од Програмата за интензивно појавување под надзор (ISAP).

Застапниците на семејството тврдат дека нивното протерување од САД покажува загрижувачки недостаток на правна заштита во услови на сè пожестоко ограничување на имиграцијата за време на администрацијата на Доналд Трамп.

„Сведоци сме на колапс на владеењето на правото во реално време“, рече Грејси Вилис, адвокатка и координаторка за одговор на рации во Националниот проект за имиграција, која го застапува двегодишното дете преку семеен пријател кој дејствува како тужител во тековниот судски случај.

„Тоа е длабоко загрижувачко, а овие случаи се јасна илустрација за тоа“, додаде Вилис.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американците објавија нови снимки од НЛО, забележани над Блискиот Исток

Се запали моторот на авион со 120 патници – следеше принудно слетување

А1он

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин

Американската воена операција против Иран достигна цена од над 44 милијарди евра

Руски државјанин e обвинет за шпионирање на вработени во американска воена компанија

Трамп: САД и Кина сакаат Ормутскиот теснец да остане отворен