Харадинај: Веруваме дека Тачи, Весели и сите припадници на ОВК се невини

Од:

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) Рамуш Харадинај, порача дека е убеден оти Хашим Тачи и Кадри Весели се невини и оти борбата на косовските Албанци против српските сили во 1998-99 година била борба за слобода.

Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово може да покрене обвинение за воени злосторства против претседателот на Косово Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели, откако хашкото Специјално обвинителство денес подигна обвинение против политичарите и уште осуммина други поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), за воени злосторства за време на конфликтот. 

Поранешниот командант на ОВК и доскорешен премиер, во објава на сво Фјата страница на Фејсбук порача дека неговите соборци и соработници од војната „водеа чиста војна, која резултира со слобода и формирање на Република Косово“.

„Албанскиот народ во Косово праведно поведе војна за слобода, по дивата окупација од страна на разните српски режими, која траеше речиси еден век, за да кулминира со режимот на Слободан Милошевиќ. ОВК водеше чиста војна, која резултира со слобода и формирање на Република Косово. Ние веруваме во невиноста на претседателот Тачи, претседателот Весели и на сите наши соборци,“ напиша Харадинај.

Специјалното обвинителство за Косово, со седиште во Хаг, денес покрена обвиненија против Тачи, Весели и други осомничени за голем број злосторства против човештвото и за воени злосторства, вклучително и убиства на преку 100 луѓе, меѓу кои и политички противници.

Косовскиот претседател поради обвинението го откажа патувањето во Вашингтон, каде требаше да учествува на преговори со делегација на Србија околу Косово.

 

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски