Харадинај: Некој ги лаже дојдените од Албанија дека ќе бидат однесени во Германија

Од:

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај побара од граѓаните, граѓанското општество и политичките субјекти да не ја злоупотребуваат ситуацијата со лицата кои се засолнија во Косово по силниот земјотрес што ја погоди минатата недела Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во врска со барањата на одредени невладини организации и претставници на партијата Движење Самоопределување (ВВ) за формирање штаб за итни ситуации, Харадинај изјави дека тоа претставува исмејување на државните институции, со оглед дека Владата веќе има формирано таков штаб и ги презема сите мерки за згрижување на лицата дојдени од Албанија.

Тој ги повика албанските државјани кои не се од областите погодени од земјотресот да не доаѓаат во Косово, затоа што некој ги лаже дека ќе бидат сместени во германско – косовскиот камп за обука во Призрен, а од таму ќе бидат однесени во Германија.

– Ниеден државјанин на Албанија кој влегува на територијата на Косово нема да остане незгрижен, но не е во ред доаѓањето без критериуми на луѓе од областите кои не се погодени од земјотресот. Некој ги лаже луѓето, ги полни автобусите и ги носи во тешки услови, во зима. Не е во ред ваквата состојба да се злоупотребува, изјави Харадинај откако положи цвеќе на споменикот на првиот претседател на независно Косово, Ибрахим Ругова, по повод неговиот 75-ти роденден.

Би можело да ве интересира

Арменд Земај бара преиспитување на одлуката на македонските власти за задолжителни тестови за влез во нашата земја

А1он

Хоти тврди дека може да прогласи вонредна состојба, а Османи дека тоа право го има само претседателот

Ана Ололовска

ЕУ: Случувањата во Србија не се пречка за дијалогот со Косово

Ана Ололовска

Тачи в понеделник заминува за Хаг на интервју во Специјалното обвинителство за Косово

Ана Ололовска

Претседателката на косовското Собрание бара да се разрешат министрите кои го поддржуваат Вучиќ

А1он

На Косово најмногу случаи на коронавирус во еден ден

Ана Ололовска