Харадинај ќе биде премиер од 2013 година

Од:

Поранешниот премиер на Косово и командант на ОВК, Рамуш Харадинај, истакнал дека како иден премиер на Косово ќе стори се’ за нормализација на односите со Белград.

Поранешниот хашки притвореник рекол дека со лидерот на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи, веќе постигнал договор тој да ја преземе функцијата премиер веќе следната година.

Во врска со продолжување на дијалогот со српскиот премиер Ивица Дачиќ, Харадинај рекол дека станува збор за “стратешки важен дијалог и процес“.

Тој верува дека дијалогот со Србија ќе испрати позитивна слика и дека ќе го олесни признавањето на косовската независност.

“Косово е суверена и независна држава и косовската Влада работи на проекти за подобрување на условите за живот на Србите и на сите други граѓани на Косово. Тоа е обврска според планот на Ахтисари, кој е дел од Уставот на Косово“, тврди Харадинај во интервју за агенцијата “Анадолија“.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот