Харадинај до Меркел: Косово е подготвено за ЕУ

Од:

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, ја поздрави поддршката што германската канцеларка Ангела Меркел им ја изрази на земјите од Западен Балкан за интегрирање во Европската Унија (ЕУ), јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај преку својот Твитер, покрај фотографија со Меркел од нивната средба во Берлин, порача дека „ЕУ ќе биде посилна“ со интегрирањето на шесте земји од регионот.

– Го поздравувам ставот на канцеларката Меркел за потврда на поддршката за перспективата на Западен Балкан за проширување на ЕУ. Европската унија ќе биде посилна и со поголема добросостојба со интегрирањето на Западен Балкан. Косово е подготвено, напиша Харадинај.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски