Хаосот од Парламентот се пренесе на улиците во Приштина

Од:

Хаосот од косовскиот Парламент по неколку часа се пренесе и на приштинските улици каде граѓаните, од изутрина се собрани пред зградата на Собранието и со камења фрлаат кон полицијата, јави Танјуг.
Симпатизерите на опозицијата откако дознаа дека собраниската средба започнала без присуство на опозицијата, прво почнале да фрлаат со камења кон зградата на Парламентот а потоа донеле контејнери, јавуваат приштинските медиуми. 
Камењата потоа ги насочиле и кон припадниците на полицијата, на кои подоцна во помош им се приклучиле специјалци. 
Полицијата и специјалците со здружени сили ги потиснуваат граѓаните кон централниот градски плоштат Мајка Тереза и кон споредните градски улици.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски