Хан во посета на Сараево

Од:

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска доаѓа во посета на Сараево, каде што се очекува да одржи средби со босанските лидери и да разговара за реформите и процесот на евроинтеграција на Босна и Херцеговина.

Според босанските медиуми главна тема на неговата посета ќе биде Прашалникот на Европската комисија, од чие исполнување зависи дали земјата ќе добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

„Дневни аваз“ пишува дека Хан доаѓа во „инспекција“ за да се увери до каде стигнала БиХ во исполнување на обврските од реформската агенда.

Се очекува еврокомесарот на босанските лидери да им ја пренесе и пораката од Брисел дека пресудите на Хашкиот суд мора да се почитуваат и дека тие не смеат да влијаат на односот кон реформите и европскиот пат на БиХ.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ