Хан: Следните две години ќе бидат добри за проширувањето

Од:

Следните две години ќе бидат добри за проширување, изјавил еврокомесарот Јоханес Хан, цитиран од „Виенер цајтунг“. Весникот додава дека во 2018 со ЕУ ќе претседава Бугарија, па Австрија, а потоа следи и Романија, сите три земји кои што се залагаат за влез на Западен Балкан во ЕУ.

– Европската комисија во следните години гледа нови шанси за приближување на Западен Балкан кон ЕУ, наведува австрискиот весник додавајќи дека ентузијазмот може да донесе и вознемирувања.

Весникот пишува дека сепак земјите треба да се посветат на понатамошните реформи и дека шансите на Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово се подобри отколку пред година и пол.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер истакна дека земјите од Западен Балкан може да станат членки на Унијата во 2025 година.

Сепак, Хан тврди дека балканските земји не треба само да чекаат бидејќи во процесот на приближување кон ЕУ треба да се даде допринос со своите реформски напори.

За време на посетата на Албанија, еврокомесарот рече дека се уште не е одлучено кои земји први ќе влезат во ЕУ, иако некои веќе имаат започнато пристапни преговори.

Во мај во Софија би можело да се одржи голема конференција на темата проширување на ЕУ со Западен Балкан каде што ќе биде презентирана стратегија за проширувањето, а Хан верува дека треба и внатре во ЕУ да се објасни значењето на проширувањето.

– Потребни се неколку години за да се надминат скептичните мислење за проширувањето на ЕУ која што доминираат кај дел од западните земји, пишува „Виенер цајтунг“.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он