Хан: Опозицијата во Косово да се обедини околу европската платформа

Од:

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој денеска престојува во Приштина ги повика лидерите на косовската опозиција да се обединат околу европската платформа на Косово, бидејќи, како што рече, тоа е во национален интерес на граѓаните, кои живеат во Косово.

Хан на прес-конференција по разговорот со косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека прашањето за разграничување со Црна Гора треба да биде што е можно поскоро решено во корист на, како што рече, двете европски земји.

– Вашата цел треба да биде членство во ЕУ и затоа морате да преземате важни одлуи за да го постигнете тој успех, рече Хан.

– Би сакал да ги повикам лидерите на опозицијата да се обединат околу таа европска платформа. Таа би требала да го опфати и цивилното општество за европска интеграција, рече Хан.

Тој меѓутоа укажа дека политиката треба да се елиминира од правосудниот систем, бидејќи воспоставувањето на владеењето на правото е дел од мапата на патот.

Осврнувајќи се на неодамна парафираната Спогодба за стабилизација и асоцијација меѓу Косово и ЕУ, Хан изјави дека тој договор е историски и оти ќе ги зацврсти односите меѓу Брисел и Приштина.

– ССА е договор кој го поврзува Косово со ЕУ. Мошне е важно да имаме договор, бидејќи тоа создава економски развој, рече еврокомесарот и додаде дека таа спогодба отвара економски перспективи и нови работни места.

Од Приштина, Хан попладнево ќе замине за Белград, каде ќе се сретне со српсиот премиер Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане