Хаг ги осуди Србите на 1125 години

Од:

Хашкиот трибунал од основањето до сега осуди 89 лица на 1380 години затвор, од што најголем број се Срби кои се осудени на вкупно 1125 години.

Сите останати заедно се осудени на вкупно 255 години.

Хрватскиот адвокат Жељко Олујиќ смета дека Меѓународниот суд за екс Југославија е политички суд кој казнувал во согласност со ставот на политиката која укажувала дека Србите се намнјогу виновни, па Хрватите, а по нив сите останати.

„Политиката секогаш беше присутна во судот, а не само во обвинителството кое поради правичноста и објективното утврдување на материјалната вистина не смееше да си ја дозволи. Токму тие недостатоци ја доведоа правдата до потсмев, па овој суд нема да биде запишан во историјата како суд на правдата. Во него одлучуваа политичките ставови на велесилите“, вели Олујиќ.

Хрватскиот адвокат Анте Нобило кој го застапуваше генералот на ХВО Тихомир Блашкиќ изјави дека во секој од процесуираните предмети на Меѓународниот суд за бивша Југославија можат да се најдат 101 забелешка.

„Хашкиот суд тргна од проценката на ЦИА дека Србите се виновни 70 насто, Хрватите 20 насто, а Бошњаците 10 насто и го оддржуваа тој баланс кој требаше да го покријат тројца хрвтаски генерали, но не испадна како што архитектите тоа го имаа замислено.

Но, тие проценки не се проблематични, со оглед дека Србите ја водеа војната во Хрвтаска и во Босна преку марионетските држави и најголемата одговорност објективно е нивна“, наведува Нобило.

Од вкупоно 1.380 години затвор и 89 осудени

– 67 се Срби со вкупно 1125 години затвор

– 14 Хрвати со вкупно 183 години затвор

– петмина Бошњаци, 41 година затвор

– двајца Албанци со вкупно 19 години затвор

– еден Македонец на 12 години затвор

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски