Гулер: Денешните полициски акции низ Турција насочени против марксистичко-ленинистичка организација

Од:

Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Гулер објасни дека денешните полициски акции во турските градови, а меѓу нив и во Анкара, биле насочени против терористичката организација Марксистичко-ленинистичка комунистичка партија (МЛКП) и се резултат на едногодишна истрага, соопшти турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Во рамки на операциите во Истанбул се приведени 62 лица, а во Анкара уште 23 лица, соопшти министерот.

– Операцијата е плод на едногодишна истрага на обвинителството против организацијата МЛКП, која учествуваше и во протестните демонстрации за паркот Гези во Истанбул, прецизира Гулер.

Медиумите соопштуваат за десетици уапсени во полициски акции во Истанбул, Анкара и Ескишехир.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски