Грвала: Нема да ја иселиме амбасадата од Ерусалим дури и ако Палестина го признае Косово

Од:

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Грвала, во интервју за израелската телевизија „и24њуз“ (i24news) рече дека Приштина нема да ја исели својата амбасада од Ерусалим, дури и ако Палестина ја признае независноста на Косово.

Како што пренесоа медиумите во Приштина, Грвала изјавила дека владата предводена од Албин Курти го почитува договорот што неговиот претходник, Авдулах Хоти го потпиша во Њујорк во септември 2020 година, со посредство на тогашниот американски претседател, Доналд Трамп.

Со тој договор, кој беше дел од спогодбата за регулирање на економските односи со Србија, во замена за признавањето на независноста од страна на Израел, Косово се обврза дека својата амбасада ќе ја отвори во Ерусалим, наместо во Тел Авив, каде што се дипломатските претставништва на најголемиот дел од државите во светот.

– Ние самите одлучуваме каде ги отвораме нашите амбасади и беше ветување и заложба на минатата влада во Вашингтон дека ќе ја отвориме нашата амбасада во Ерусалим, а ние стоиме на нашите ветувања, рече Грвала.

Алудирајќи на обврската што ја презеде и Србија за признавање на Ерусалим за престолнина на Израел, според она што во Белата куќа го потпиша српскиот претседател Александар Вучиќ, шефицата на косовската дипломатија изјави дека „и други го дадоа истото ветување“, но не го исполнуваат.

– Јас не ги гледам тука наоколу, така што ние ги одржуваме нашите ветувања, бидејќи ние сме доверливи меѓунарони партнери, изјави Грвала.

Запрашана дали Косово ќе ја исели амбасадата надвор од Ерусалим доколку Палестина му ја признае независноста, Грвала рече дека во Приштина не се размислува за промена на одлуката, а не се гледа ниту некаква можност да дојде до признавање од Палестина.

– Не го гледам тоа (преместувањето на амбасадата) и не го гледам ниту признавањето, но ние сме заинтересирани да имаме добри односи со Палестина исто така, а имаме и контакти. но Косово не им вели на партнерите дека, „ако сакате добри односи со Косово, треба да имате лоши односи со Србија“, изјави Грвала.

На 4 септември 2020 година Израел стана последната досега, 117-та според официјална Приштина, држава во светот која го призна Косово. Признавањето уследи како дел од договорот што Косово и Србија го потпишаа во Белата куќа во Вашингтон, во присуство на тогашниот американски претседател, Доналд Трамп. Приштина и Белград, според договорот, прифатија нивните дипломатски претставништва во Израел да бидат сместени во Ерусалим.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Американски дипломат е пронајден мртов во Израел