Гром удри во авион на „Кроација ерлајнс“.

Од:

Вчера гром удри во авион на „Кроација ерлајнс“ кој летал од Дубровник за Загреб, но безбедноста на патниците не била загрозена и авионот не бил оштетен, соопштија од авиокомпанијата.

Капетанот го пријавил ударот за време на фазата на слетување, изјавил за ХРТ портпаролот на Кроација ерлајнс Давор Јанушиќ.

„Сè помина во најдобар ред, безбедноста на патниците не беше загрозена“, изјави Јанушиќ.

Тој додаде дека вообичаено во вакви ситуации авионот се проверува превентивно, што е направено на аеродромот во Загреб, каде што е техничкото седиште на КА. Не е констатирана штета, а леталото е вратено во сообраќај.

Јанушиќ, исто така, истакна дека авионот е вообичаено конструиран според принципот на Фарадеев кафез, така што електричната енергија што ја добива се пренесува во атмосферата преку статични празнења.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари