Грлиќ Радман: Очекуваме укинување на визите од САД за хрватските државјани

Од:

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман денеска изјави дека очекува „позитивна одлука“ од Соединетите Американски Држави во следните месеци за укинување на визите за хрватските државјани.

– За ова одлучуваат различни тела во САД со поддршка на американската амбасада. Мислам дека можеме да очекуваме позитивна одлука во наредните месеци, рече Грлиќ Радман во емисија на ХРТ, два дена пред посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Хрватска.

За укинување на визите Хрватска мора да има помалку од 3 проценти одбиени визи, а во Европската унија визи за САД им требаат само на граѓаните на Кипар, Бугарија и Романија.

Американскиот амбасадор во Хрватска, Роберт Кохорст рече дека сè уште нема официјален извештај за исполнувањето на тој услов, но дека е „голем оптимист“.

На состанокот во Дубровник со министерот за надворешни работи на САД, хрватскиот политички врв ќе разговара и за укинување на двојното одданочување меѓу двете земји.

– Денеска ќе донесеме одлука во Владата, ќе му ја покажеме на државниот секретар Помпео. Потребна е и евалуација од нивна страна, а тоа ќе придонесе за правна сигурност на даночните обврзници, особено на оние кои имаат двојно државјанство, рече Грлиќ Радман.

Ќе бидат воспоставени и механизми за соработка меѓу даночните служби на САД и Хрватска“, најави тој.

Хрватското раководство со Помпео ќе разговара и за набавка на борбени авиони Ф-1.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари