Грк сакал да прошверцува оружје и муниција од Албанија

Од:

Албанската полиција притворила грчки државјанин, во чиј автомобил, при излез од Албанија, открила две автоматски пушки „калашњиков“ и 500 куршуми, јави дописникот на МИА од Тирана.

Оружјето и муницијата биле откриени при рутинска контрола на граничниот премин „Три мостови“ на абанско-грчката граница, кој се наоѓа на околу 25 километри од градот Пермет.

Истите биле скриени под задното седиште во автомобил марка „нисан“ сопственост на притворениот грчки државјанин, Андреас Вокалис, 38 год. од Атина.

Според полицијата, пушките и куршумите тој ги купил во градот Ерсек а крајната дестинација била Грција.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески