Грк сакал да прошверцува 10 кг хероин

Од:

На граничниот премин Какавија, на албанско-грчката граница кај Ѓирокастро, албанската полиција уаспила грчки државјанин откако при рутинска контрола во неговиот автомобил пронашла автоматска пушка “калашњиков“ и 17 килограми дрога.

– На граничниот премин Какавија, уапсен е грчкиот државјанин Чариалос Контекакис(48) во чиј автомобил пронајдени се автоматска пушка тип “калашњиков“ и околу 17 килограми дрога, од кои 10,4 килограми хероин и 6,8 килограми марихуана, – стои во соопштението од Полицискиот комесаријат во Ѓирокастро.

Гркот со автомобил „мерцедес“ за влез во неговата земја на преминот пристигнал по полноќ, поради што на полицијата и станал сомнителен.

Полицијата продолжува со истрагата за целосно разветлување на случајот, додека доказните материјали се доставени до Обвинителството за тешки кривични дела.

Би можело да ве интересира

Полициски кучиња нашле дрога и оружје во Велес – уапсени тројца дилери

МВР демантира дека во возило на МНР управувано од возач вработен во Министерството била пронајдена дрога

А1он

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он