Гренел ги отфрли критиките од Курти како бесмислени

Од:

Американскиот амбасадор и специјален претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, синоќа како бесмислени ги оцени тврдењата на лидерот на Самоопределување, Албин Курти, за тоа дека договорот од Вашингтон е на штета на Косово, посебно во делот за езерото Газивода.

Тврдењата на косовскиот опозиционер Гренел ги оцени како „луд критицизам“, пренесува порталот Репортери.

– Тоа е целосно луда критика и не би и придавал многу значење. Почетокот на спроведувањето е голем ден, голем процес, политичарите не би биле политичари ако не критикуваат и тоа е во ред. Горди сме на овој договор, ќе видите дека ова не се само празни зборови, рече Гренел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ