ГРЕКО: Србија нема применето седум од 17 препораки, а 10 делумно имплементирала

Од:

Србија до крајот на 2019 година не спровела седум од 17-те препораки на Групата на држави против корупцијата (ГРЕКО), додека делумно применила 10 препораки, се наведува во најновиот извештај на тоа антикорупциско тело на Советот на Европа.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, во денеска објавениот извештај на ГРЕКО за 2019 година, оценити се мерките кои членките на Групацијата ги презеле за спречување на корупцијата на пратеници, судии, обвинители, носителите на функции во извршната власт и припадници на агенциите за безбедност.

Извештајот покажува дека Србија е една од трите членки на Групата, заедно со Чешката и Боснма и Херцеговина, кои немаат целосно спроведено ниедна препорака за спречување на корупцијата на пратеници, судии и обвинители.

Австрија и Турција се држави со најголем процент на неимплементирани препораки за спречување корупција на пратеници, судии и обвинители (70 отсто), а потоа следат Унгарија (56), Чешка (56), Србија и Полска (по 41). Кога станува збор за препораки за спречување корупција на пратеници, Србија е меѓу земјите со најголем процент на неспроведени препораки (60 отсто), зад Унгарија (86), Полска (83), Австрија (75) и Хрватска (67 проценти).

Србија, исто така, е меѓу 11-те земји кои немаат во целост реализирано ниту една препорака за спречување на корупција кај судиите.

Во извештајот, ГРЕКО ги повика владите и носителите на јавните функции да дадат пример за другите, почитувајќи ги антикорупциските мерки и стандарди за транспарентност.

Генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ-Буриќ изјави дека „корупцијата ја поткопува довербата на граѓаните во демократијата и демократските институции“.

– Спроведувањето ефективни антикорупциски мерки и промовирањето интегритет и транспарентност треба да бидат приоритет на властите во секое време. Државите постигнаа напредок, но треба да ги засилат напорите за целосно спроведување на препораките на ГРЕКО, оцени Пејчиновиќ-Буриќ.

Би можело да ве интересира

Демонстрантите си заминуваат од пред српското Собрание, протестот помина без инциденти

А1он

Мандатот на Еулекс продолжен за една година

Ана Ололовска

Во Србија 345 новозаразени со коронавирусот, починале 12 лица

Ана Ололовска

Жителите на Евија ги избркаа српските туристи

Ана Ололовска

Во Париз видео самит за односите меѓу Србија и Косово

Ана Ололовска

Во Србија регистрирани нови 11 починати од Ковид-19

Горјан Грнчаровски