Грците во Албанија ја повикаа Владата да го гарантира владеењето на правото

Од:

Демократскиот сојуз на грчкото етничко малцинство во Албанија, „Омонија“ ја повика албанската Влада и премиерот итно да ги преземат сите потребни мерки за заштита на законите во земјата, пред ситуацијата да излезе од контрола.

Повикот е упатен во врска со инцидентот кој се случи пред неколку дена во селото Дервичани по прекинот на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград.

Во соопштението на „Омонија“ се вели дека стотици лица навлегле во селото Дервичани, развиорувајќи знамиња и носејќи плакати со националистичка содржина со цел да ги испровоцираат етничките Грци, кои живеат во него.

– Албанците кршеа стакла на продавниците и автомобилите и напаѓаа припадници на етничото малцинство. Ситуацијата ќе излезеше од контрола, доколку не пристигнеа полициските единици, кои го спречија најлошото сценарио, се наведува во соопштението на „Омонија“.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески