Хаосот во Грција по убиството на навивач на АЕК со денови не стивнува.
„Бед Блу Бојс“, навивачите на Динамо Загреб направија хаос во Атина, ги нападнаа сите што ќе им се испречеа и се обидоа да влезат на стадионот.
По интензивно насилство, брутално беше убиен 29-годишен навивач на АЕК, а главни осомничени се хрватски државјани и еден навивач на Панатинаикос.
Во Цирих, пред седиштето на УЕФА, навивачите на АЕК се собраа и развија голем транспарент со барање да се исфрли Динамо Загреб од Лигата на шампионите и квалификациите.
„Тргнете ги нацистите од фудбалот“, пишува на транспарентот.
Првиот натпревар е одложен и се игра на 15 август од 20 часот.
Грчките навивачи не смеат да дојдат на Максимир на реваншот, но се стравува дека тоа сепак може да се случи, поради што се воведени строги безбедносни мерки.