Грците останаа дома, Велигден во Атина прославен со огномет

Од:

Со огномет во повеќе делови на Атина точно на полноќ, со запалени свеќи и светла на балконите и со „Христос воскресе“ што се слушаше од телевизорите, заедно со отчукувањата на камбаните од празните цркви, Грците го прославија најголемиот христијански празник, јави дописничката на МИА од Атина.

Грците ги послушаа препораките на Владата, останаа дома, а позитивно одговорија и на повиците на градоначалниците и дел од митрополитите, на полноќ да излезат на балконите со запалени свеќи.

Црквите останаа празни, свечената богослужба се одржа зад затворени врати, а верниците ја следеа на телевизија и преку интернет.

Сликите со свеќи во рацете и довикување „Христос Воскресе“ со соседите, веројатно ќе останат засекогаш запаметени, како и импресивниот огномет точно на полноќ, но и празните улици во грчката престолнина.

Пред црквите, дискретно беше присуството на полицијата.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески