Грција за десет години изгубила над шест милиони декари зелена површина

Од:

Повеќе од шест милиони декари зелена површина Грција изгубила во периодот од 1987 до 2007 година, се наведува во извештајот на грчката филијала на Светскиот фонд за дива природа (WWF).

Во тој период во Грција зголемена е површината на обработливи почва, инфраструктурата и населените места.

Во периодот од 1987 до 2007 година шумите се намалиле за повеќе од 1,4 милиони декари, а нискостеблестите растенија за над 4,8 милиони декари.

Директорот на грчката филијала на Светскиот фонд за дива природа Димитрис Каравелас ги повика властите да изготват план за зачувување на природниот капитал.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески