Грција се откажа од тужба против Лондон за „Елгиновите мермери“

Од:

Грчката Влада одлучи да се откаже од покренувањето тужба против Велика Британија за да ги поврати назад во Атина „Елгиновите мермери“, кои повеќе од 200 години се чуваат во Британски музеј во Лондон.

Британските медиуми кои ја пренесуваат одлуката на официјална Атина тврдат дека станува збор за „неочекуван пресврт“ во повеќе деценискиот грчко-британски спор околу „мермерите“, но и во однесувањето на Владата на Грција.

Грчкиот министер за култура Никос Ксидакис изјавил за медиумите дека Владата не се откажува од намерата да ги врати „грчките споменици“ во Атина, но дека тоа нема да го бара преку тужби и судење по меѓународните судови, туку низ дипломатско-политички разговори.

Според британските медиуми, грчката Влада се откажала и од советничката улога на лондонската адвокатка Амал Клуни, која во септември минатата година беше примена од тогашниот грчки премиер Андонис Самарас. По средбата беше соопштено дека сопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни, ќе ја застапува Владата на Грција пред меѓународните судови.

Клуни има изработено службен предлог до Владата во Атина на која и се советува да покрене тужба против Велика Британија пред Меѓународниот кривичен суд, доколку Британците одбијат да ги вратат „Елгиновите мермери“ по формалното барање што до Лондон треба да го испрати грчката Влада.

Во изготвениот предлог за поднесување тужба, Амал Клуни сугерира Грција да ја тужи Велика Британија со образложение дека мермерите биле изнесени, на „нелегален начин“.

Британскиот лорд Елгин, кој во тоа време бил британски амбасадор во Отоманската Империја, пред 200 години откупил споменици, скулптури и орнаменти изработени од мермер, кои биле дел од храмот Партенон на Арополис. Неговото објаснување било дека ги спасил скулптурите и орнаментите затоа што биле „расфрлани по ридот“ и можело да бидат уништени.

Договор за тоа, Елгин направил со тогашните отомански власти и почнал со бродови да ги префрла спомениците во Велика Британија. Подоцна сите антички споменици, кои се сметаат за ремек дело на класичната грчка уметност, биле префрлени на Британски музеј каде и денеска се наоѓаат.

Грчките влади не го прифаќаат објаснувањето на Британците за спасување на „мермерите“ и инсистираат дека догворот на Елгин со отоманските власти не важи, тврдејќи дека лордот „го украл’ грчкото културно богатство.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески