Грција сака енергетска соработка со соседните земји

Од:

Целиот разговор што се води во врска со изградбата на гасоводот што доаѓа од Турција, а минува низ Грција, е едно отворено прашање, изјави денеска портпаролот на грчката Влада Гаврил Сакеларидис.

– Грчката Влада се надева дека ќе се постигне договор па така, во овие рамки, Грција да стане енергетска крстосница имајќи ја предвид и нејзината геополитичка позиција. Сметаме дека е значајно тоа што овој гасовод ќе минува и низ северните земји од Грција, како што е Македонија, а понатаму и низ другите земји, нагласи портпаролот на грчката Влада.

Сакеларидис рече дека грчката Влада искрено посакува да има енергетска соработка и со соседните земји, „со што ќе биде потпомогната грчката економија, а се разбира корист од тоа ќе имаат и соседните земји“.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Атина ќе преземе некаква иницијатива во врска со последните настани во Македонија, портпаролот на грчката Влада повтори дека кај официјална Атина „постои вознемиреност за настаните во соседната земја и внимателно се следи овој случај“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески