Грција промовира радикални промени во оданочувањето на возила

Од:

Грчкото Министерство за финансии денеска соопшти дека во рамките на создавање по фер и ефикасен даночен систем за автомобили, планира да го укине критериумот на моќност на автомобилите како основа за оданочување.

Наместо тоа, ќе се воведе даночен систем кој се базира на малопродажната цена (пред оданочување), со прогресивно приспособување на давачките за регистрација.

Исто така се планира промена на ДДВ при увоз на користени автомобили, воведување поголеми давачки за постари возила како што е данок за животна средина, воведување на програма за обновување на автомобили, менување на методата за инспекција за неосигурени автомобили и слично.

Министерството за финансии во соопштението исто така додава дека се планираат повеќе средби со претставници на пазарот за автомобили со кои ќе се разговара со цел постигнување најдобар можен резултат.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески