Грција: Пожар во близина на Атина

Од:

Во близина на Атина денеска беснее шумски пожар, кој засилен од ветерот оштети неколку домови.

Поради заканата од ширење на огнот десетина лица мораа да ги напуштат своите домови.
Според очевидците пожарот оштетил најмалку три куќи, во едно село, во близина на градот Маратон.

-Пожарот стигна до домовите, а се уште не знаеме колку лица се загрозени-изјави официјално лице од противпожарната единица, кое сакаше да остане анонимно, пренесе „Ројтерс“.

Полицијата наведе дека од тоа подрачје кое што е одалечено 40 километри од североисточна Атина, се евакуирани помеѓу 50-60 лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески