Грција: Повторно над 3.000 нови случаи на Ковид-19, починаа 38 лица

Од:

Во изминатите 24 часа во Грција повторно се регистрирани над 3.000 нови случаи на Ковид-19 – вкупно 3.038 новозаразени, а починаа 38 лица.

Од ден на ден, во земјата се зголемува и бројот на пациенти приклучени на апарати. Денеска се 336, односно 26 повеќе од вчера.

На денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција за ситуацијата со коронавирусот, професорката и епидемиолог Вана Папаевангелу рече дека веројатно земјата е во пикот на вториот бран на пандемијата, а во следните десетина дена се очекува намалување на приемот на пациенти во болниците

Од денешните нови случаи, најголемиот дел – 725 се во Солун, а 697 во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 69.675 случаи на Ковид-19, а починаа 997 лица.

Надлежната комисија на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција попладневно одржува состанок на кој треба да се донесе препорака во однос на работата на основните училишта и градинките.

Иако беше најавено дека на редовната прес конференција попладнево, министерката за образовани ќе ја соопшти одлуката, сепак тоа е одложено за утре, со оглед на тоа дека препораката на комисијата треба да биде разгледана од грчката Влада.

Од минатата сабота Грција е во целосен карантин, а отворени се основните училишта и градинките, меѓутоа голема е веројатноста од понеделник и тие да бидат затворени, иако сè уште не е јасно дали одлуката ќе биде за целата земја или само за деловите со лоша епидемиолошка слика.

Освен карантинот, од вечерва, во Грција стапува на сила полицискиот час, односно забрана за движење на граѓаните од 21 часот до 5 часот наутро.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Грција: Четворица загинаа во автобуска несреќа, тројца се повредени

(ВИДЕО) Оружен инцидент во супермаркет во Грција, едно лице загина, а друго е повредено

Горан Наумовски

Поради високите температури на Грците им е забрането да работат надвор: Казни од 2.000 евра

Исчезна Американец на грчки остров, по туристот е организирана голема потрага

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Запалена куќата на чичкото кој си ја уби внуката, се обидел да има односи со неа, кога го одбила, ја избодел со штрафцигер