Грција на 185.000 сиромашни Грци ќе им подели дел од суфицитот за 2013 година

Од:

На сто осумдесет и пет илјади Грци со ниски приходи им е одобрено да добијат дел од првичниот суфицит на земјата за 2013 година, соопшти весникот „Катимерини“.

Главниот секретар на Владата, Харис Теохарис, прецизира дека на 185.000 од 340. 000 апликанти досега им е е одобрена помош.

Вкупно 600.000 домаќинства или еден милион Грци имаат право на дел од таканаречената „социјална дивиденда“, што изнесува 525 милиони евра.

Парите ќе бидат исплатени на лицата кои годишно добиваат под 6.500 евра.

Официјалниот владин претставник изјави дека одобрените кандидати помошта ќе ја добијат во првите десет дена од мај.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески