Грција може да остане без струја

Од:

Грчките власти предупредуваат дека постои можност од прекин на електрична енергија, поради најава за 48-часовен штрајк на вработените во електродистрибуција, во знак на револт поради плановите на владата да продаде дел од компанијата.

Синдикатите на јавната Електрокомпанија наведуваат дека струјата е од витално значење и треба да биде под контрола на државата. Но конзервативната влада не се откажува од продажба на дел од оваа фирма, што е едно од барањата на меѓународните кредитори.

Премиерот Антонис Самарас рече дека нема да попуштат пред „популистичките фанатици“. Инаку Грција од 2010 година добива пакети помош од меѓународната заедница, но има и услов да воведе тешки мерки за штедење.

Државата е под постојан притисок од странски доверители за покренување приватизација, која според нив до 2016 година обезбедила 9,5 милијарди евра.

Приватизацијата на јавните претпријатија како што беше случајот со водоводното претпријатие во Атина (EYDAP), предизвика бројни реакции, особено кај главната опозициска партија, популистичката Сириза.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески