Грција ќе произведува „Калашникови“ со Русија

Од:

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјави дека државната компанија „Хеленик Дефенс Системс“ (ЕАС) би можела да произведува руски автоматски пушки „Калашников“, откако ЕУ ќе го го укина економско ембарго кон Русија.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Каменос ова го изјави како одговар на прашање поставено од страна на пратеничката на Комунистичката партија (ККЕ), Лијана Канели пред собраниската комисија за одбрана за тоа дали НАТО би купувал „Калашникови“.

– Јас не знам дали НАТО би купувал „Калашникови“, но кога тие ќе бидат произведени во земја членка на НАТО ќе имаат сертификат на Алијансата и можат да се продаваат на земјите членки на НАТО, рече Каменос.

Тој откри дека Грција и Русија веќе се договриле да соработуваат во копроизводство на „Калашникови“ во градот Патрас, откако ќе биде укинато ембаргото на ЕУ за Русија.

Каменос објасни дека производот направен во Грција ќе биде од корист на земјата, затоа што така ќе може да се продава на други членки на НАТО затоа што ќе има печат на одобрување од страна на Алијанста и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески