Грција ќе го преземе претседавањето со ЕУ со помал буџет

Од:

Грција ќе го преземе ротирачкото претседателство на ЕУ од 1 јануари следната година со помал буџет, не планирајќи да потроши повеќе од 50 милиони евра, изјави грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Куркулос пред парламентарната комисија за европски прашања.

Тој истакна дека грчката Влада ќе одвои помалку средства за претседавањето со ЕУ, отколку што тоа го направиле другите земји. Кукркулос додаде дека за разлика од неодамнешните претседателства, кои потрошиле меѓу 60 и 75 милиони евра и ангажирале персонал од 250 лица, Грција ќе потроши помалку пари и нема да има повеќе од 150 луѓе персонал.

Двајца германски пратеника пред неколку дена побараа од Грција да се откаже од планираното преземање на претседателството на ЕУ од 1 јануари 2014 година, сметајќи дека оваа задолжена земја не треба да го има финансискиот товар на оваа задача, која според нив чини околу 100 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина