Грција ќе го одбележи 1. мај со штрајкови

Од:

Бродовите и возовите во Грција утре нема да сообраќаат поради 24-часовниот штрајк организиран од двата синдикати – Заедничка конфедерација на трудот (ГСЕЕ) и Федерацијата на државните службеници (АДЕДИ) по повод 1. мај – Меѓународниот ден на трудот и работничката солидарност.

Во штрајкот ќе учествуваат и пристанишните работници, вработените во градскиот транспорт, во локалната самоуправа, во банките, во аптеките и во болниците. Тролебусите, автобусите и метрото редуцирано ќе сообраќаат, само дежурните аптеки ќе бидат отворени, а болниците ќе ги примаат само итните случаи.

Протестите се насочени кон рестриктивната политика и рекордно високата стапка на невработеност од над 27 проценти.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески