Грција ја откажува традиционалната воена парада поради пандемијата

Од:

Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, поради пандемијата, оваа година нема да се одржи традиционалната воена парада во Солун на 28 октомври, кога се одбележува денот „Охи“ (Не), односно негативниот одговор на Грција на ултиматумот од Италија во 1940 година.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите ја соопшти одлуката на Мицотакис, како за воената парада во Солун, така и за парадата на учениците во Атина.

Говорејќи за пандемијата, Пецас рече дека во овој момент има стабилизирање на ситуацијата, а не драстично зголемување на случаите и истакна дека „ако продолжиме вака нема да има потреба од нови мерки“.

Паралелно, објасни дека не се разгледува можноста за задолжително носење маска и надвор, ниту пак да се воведе полициски час од полноќ.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе