Грција и Италија ќе го контролираат воздушниот простор над Црна Гора

Од:

Контролата врз воздушниот простор над Црна Гора во иднина ќе го вршат Грција и Италија, како членки на НАТО, и за таа цел во тек е постапка за склучување договор за техничка соработка, најави црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ.

– Со овој договор црногорското небо ќе биде апсолутно заштитено. Грција и Италија ќе ја вршат контролата на воздушниот простор над Црна Гора, како што тоа го прават за Албанија од 2009 година, кога земјата стана членка на Алијансата, изјави Бошковиќ за државната телевизија РТЦГ.

Тој нагласи дека црногорската служба за безбедност ќе биде задолжена за контрола на воздушниот простор на помали височини, односно на ниво на кое летаат хеликоптери, а над тоа, заштитата ќе биде во надлежност на „сојузниците од НАТО“.

Сега контролата врз црногорскиот воздушен простор ја врши Србија.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора