Грција е подготвена да спроведе истрага во врска со смртните закани упатени кон Кристин Лагард

Од:

Официјална Атина најави дека е подготвена да спроведе истрага во врска со смртните закани кои директорката на ММФ, Кристин Лагард ги добила откако го критикуваше однесувањето на Грците по прашањето за даноците во екот на кризата во Грција.

Грчкиот министер за правда Хараламбос Атанасиу напишал писмо до Лагард, за да ја извести дека може да биде спроведена истрага, ако таа на правосудните органи им ги достави „имињата, датумите, елементите“, изјавил судски извор.

Во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“ објавено во петокот, Лагард рече дека кога во минатото зборувала за Грција и за нејзините даноци, добила смртни закани поради кои морало да се зајакнат мерките за безбедност.

Во пролетта 2012 година, во екот на меѓународните економски тензии по прашањето за Грција, Кристин Лагард за британски „Гардијан“ изјави дека Грците би требало да почнат колективно да си помагаат со тоа што ќе си ги плаќаат даноците. Таа рече дека е помалку загрижена за нивната судбина, отколку за таа на децата во Африка.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески