Грција бара промена на трговскиот договор меѓу ЕУ и Канада поради името „фета“

Од:

Атина нема да го поддржи трговскиот договор меѓу Канада и Европската унија во вредност од милијарди долари, ако тоа не биде променето и предвидува дека само Грција има право да го користи името „фета“ за своето солено бело сирење.

По петгодишни тешки преговори Канада и ЕУ минатата година постигнаа согласност за договор за слободна трговија, но неочекуваните спорови по некои аспекти од конечниот текст се зајакнаа во изминатите месеци и може да доведе до одложување на неговото ратификување.

Грција ќе ги извести во четврток во Брисел министрите за трговија од ЕУ дека договорениот текст не ја заштитува грчката фета во Канада, бидејќи според условите од договорот, канадски компании што го користат името „фета“ пред октомври 2013 година ќе можат да продолжат да го прават тоа.

– Ја информиравме Европската комисија за многубројни случаи на присвојување на нашето познато сирење „фета“ на канадскиот пазар, наведуваат грчките дипломати во нота, подготвена за средбата во четврток, додавајќи дека во таква состојба ќе биде исклучително тешко, ако не и невозможно да се поддржи договорот меѓу ЕУ и Канада.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески