Грчките власти за влез на албанските емигранти им бараат парична гараниција

Од:

Грчките погранични власти продолжуваат со враќање на емигрантите од граничниот премин Кашпштица, кај Корча.

Емигрантите велат дека од грчка страна им се бара ганција од 3000-5000 евра за да им се дозволи да ја минат границата. Тие пак бараат албанската држава веднаш да стори нешто за да се надмине оваа појава, со која грчките власти ги кршат правилата за визна либерализација.

Ваквата појава,според албански медиуми, е присутна повеќе денови наназад.

Само вчера од овој граничен премин вратени се назад седумдесетина албански емигранти. Идентична е состојбата и на граничниот премин Какавија, кај Ѓирокастро.

Албанските царински претставници тврдат дека веќе имале средба со грчките колеги на која добиле ветување дека повеќе нема да бидат враќани назад албанските емигранти.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески