Грчкиот парламент го изгласа укинувањето на студентскиот имунитет

Од:

Во грчкиот Парламент вечерва поминаа измените во законот со кои се укинува студентскиот имунитет. Владејачката Нова демократија и десничарско ориентираната партија Грчко решение беа „за“, Движењето за промена гласаше „присутно“, а Комунистичката партија против, а СИРИЗА и МЕРА25 не присуствуваа на гласањето, бидејќи претходно ја напуштија седницата во знак на протест против поднесените амандманите од министерот за труд.

Во исто време со гласањето, пред Парламентот протест одржаа студентите кои не се согласуваат со измените во законот што ги донесе Владата.

Собирот помина мирно и со мал одѕив, а студентите во разговор со дописничката на МИА од Атина рекоа дека нема да се откажат и со демонстрациите ќе продолжат од септември.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески