Грчкиот долг ќе се разгледува на есен

Од:

Состојбата со долгот на Грција ќе се разгледува на есен, изјави францускиот министер за финансии Мишел Сапен.

Во интервју за „Катимерини“, како што јави дописникот на МИА од Атина, Сапен додава дека Франција ја помага и ќе продолжи да и помага на Грција.

– Се уште е многу рано да се предвидат финансиските потреби на Грција. На есен детално ќе го проучиме прашањето за долгот и врз основа на заклучоците ќе преземеме соодветни финансиски решенија, рече Сапен кој минатата седмица беше во посета на Атина.

Според него, Грција „се наоѓа во многу подобра економска, финансиска и буџетска состојба од претходно и тоа и дозволува да се оддалечи од зоната на бура“.

– Најсуровите мерки се дел од минатото, но се согласувам дека условите за Грција и нејзините граѓани се тешки, додаде Сапен.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески