Грчки здруженија се обидуваат да го заштитат крајбрежјето

Од:

Повеќе грчки здруженија за заштита на животната средина остро го критикуваа предлог-законот со кој треба да се поедностават постапките за добивање дозволи за експлоатација на морскиот брег.

Грчкото Министерство за финансии кон средината на април објави дека морскиот брег на Грција има огромна економска важност и оти би требало да се поедностават процедурите за добивање дозволи за негова експлоатација.

Нацрт-законот, меѓу другото, предвидува укинување на ограничувањето на површината на  приватните плажи и легализација на бесправно изградените објекти на брегот со претходно плаќање казни.

„Се обидуваме да ги убедиме пратениците дека законот наместо да го подобри, го уништува туристичкиот потенцијал на Грција. Странците кои доаѓаат во Грција не сакаат да видат уништени плажи и бетон, туку нашето природно богатство“, се вели во заедничката изјава на здруженијата.

Грција, која се обидува да излезе од шестгодишна рецесија , се надева дека ќе постигне економски раст со успешна туристичка сезона, која минатата година забележа најголем успех досега.

Премиерот Андонис Самарас неодамна изрази надеж дека Грција оваа година, со 20 милиони туристи, ќе постигне уште поголем успех и така ќе го надмине својот минатогодишен рекорд. 

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески