Грчки суд осуди девет лица за потопување на крузер кај Санторини

Од:

Грчки суд осуди денеска деветмина вработени во една поморска компанија во врска со потопувањето на туристички брод крај островот Санторини пред шест години.

Судот во Пиреја на деветмината обвинети им изрече условни затворски казни во траење од шест месеци до над 12 години, а ослободи четири други осомничени лица.

Бродот „Си Дајамонд“ на компанијата „Луис Хеленик Крусис“, кој превезуваше околу 1.600 лица, се насука на карпи крај Санторини во април 2007 година и потона неколку часа по несреќата. Двајца француски патници не беа пронајдени и се претпоставува дека тие се удавиле.

Судот му изрече најтешка казна од 12 години и два месеци затвор на капетанот на бродот за предизвикување инцидент, за убиство од небрежност и за загадувањето на морето.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески