Грчки милијардер сака да биде градоначалник на Њујорк

Од:

Милијардерот со грчки потекло Џон Кациматидис ја почна својата кампања за градоначалник на Њујорк, во пресрет на очекуваното пензионирање на актуелниот прв човек на градот и, исто така, милијардер, Мајкл Блумберг.

– Јас сум визионер, јас не сум тука само за одржување, изјавиКациматидис, кој ја најави својата кандидатура за градоначалник велејќи дека неговата управа во метрополата ќе се фокусира на безбедноста и потребите на малите бизниси.

Кациматидис (64) е доселеник од Грција, чие лично богатство изнесува околу три милијарди долари. Бизнисот го почнал во малопродажба, а во кариерата инвестирал и во нафтената и авионската индустрија.

Тој се натпреварува за кандидатурата на Републиканската партија, иако во минатото финансиски поддржувал кандидати од двете партии, меѓу кои и Бил и Хилари Клинтон, како и неуспешниот републикански претседателски кандидат Мит Ромни.

Неговата ќерка Андреа е сопруга на адвокатот Кристофер Кокс, внук на поранешниот претседател Ричард Никсон. Кациматидис е издавач и на грчко-американскиот месечник „Хеленик Тајмс“.

Актуелниот градоначалник Мајкл Блумберг го води Њујорк од 2001 година. Во 2009 година тој неочекувано го доби својот трет четиригодишен мандат.

Блумберг, кој „тежи“ 25 милијарди долари, е десетти најбогат Американец, додека Кациматидис е меѓу првите 200, според листата на списанието „Форбс“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески