Грчки медиуми: Двојна победа за Груевски, опозицијата не ги признава изборите

Од:

Грчките медиуми во своите електронски изданија денеска јавуваат за победата на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори во Македонија, но, очекувано, истакнуваат дека лидерот на опозициската СДСМ соопшти оти не ги признава изборите.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, информациите во грчките медиуми засега се според обработени 98 проценти од гласовите, според Државната изборна комисија на Македонија.

– Владејачката десничарска коалиција на Никола Груевски обезбеди широка победа на предвремените парламентарни избори во Македонија и кандидатот на партијата Ѓорге Иванов преовладуваше во вториот круг од претседателските избори, со што обезбеди втор мандат. Опозицијата, пак, ја негира легитимноста на изборите осудувајќи ја ВМРО- ДПМНЕ и премиерот за постигнување на резултатот со уцени – пишува „Елефтеротипија“.

И „То Вима“ подвлекува дека „лидерот на СДСМ Зоран Заев рече оти опозицијата не ги признава парламентарните и претседателските избори и оти бара „формирање преодна влада која ќе организира нови слободни избори’“.

Сите медиуми ја пренесуваат и изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски кој коментирајќи ја одлуката на опозицијата да не ги признае изборните резултати, рече дека СДСМ ја потценува волјата и свеста на граѓаните.

„Весникот на уредниците“ додава дека Атина со интерес го следи развојот на настаните во соседната земја, во очекување на конечниот исход како тековните разговори за прашањето за името. Весникот потсетува дека претставникот на генералниот секретар на Обединетите нации за разговорите меѓу Грција и Македонија Метју Нимиц разговара со преговарачите на двете земји, амбасадорите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски, без засега да има некаков договор.

Според „Катимерини“, „голем залог за Никола Груевски останува пристапувањето на земјата во ЕУ и НАТО“. Според информации на провладиниот весник, прашањето за името наскоро „најверојатно ќе дојде до израз, со оглед на тоа што во соодветни кругови во Вашингтон претходните недели се разговарало за изгледите за нова иницијатива за решение со временска рамка на претстојниот самит на НАТО во септември во Велс“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески