Грчката Влада демантира дека се чуваат празни кревети на Одделите за интензивна нега за BИП пациенти, бара да реагира Обвинителството за конкретните тврдења

Од:

Обвинувањата на претседателот на Федерацијата на вработените во државните болници во Грција (ПОЕДИН) Михалис Јанакос дека на Одделите за интензивна нега во грчките болници се чуваат празни кревети за ВИП пациенти, предизвика реакции во земјата, од Владата категораично демантираат, а министерот за здравство на Грција Танос Плеврис за целиот случај и тврдењата поднел пријава.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека „против претседателот на ПОЕДИН и против сите одговорни за ширење лажни вести и клевети за наводно постоење кревети на интензивна нега, што се чуваат за одбрани личности и не им се на располагање на пациентите“, Плеврис, до обвинителот од Врховниот суд поднесе пријава за кривични дела.

Додаваат дека оние кои шират лажните вести ќе бидат повикани да одговараат, бидејќи „провокативно ги клеветат лекарите, болничарите и персоналот на брзата помош, кои се во првата линија во справувањето со пандемијата“.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, објасни дека критериумите за прием на Одделите за интензивна нега се исклучиво медицински и „незамисливо е било какво делење на пациентите“.

Додаде дека конкретните тврдења „ги навредуваат здравствените работници, научниците, лекарите кои исклучиво со медицински критериуми носат одлуки за тоа кој ќе влезе на итензивна нега, а кој не.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески