Грчката полиција заплени 445 килограми марихуана

Од:

Грчката полиција заплени 445 килограми марихуана, отриена во стан на албански емигрант во Атина.

Дрогата, спакувана во 356 пакетчиња, била прошверцувана од Албанија и требало да биде распродадена низ Грција.

Во станот на 51 годишниот Албанец полицијата запленила и 510 евра и два мобилни телефона.

Само неколку часа претодно грчката полиција во Солун заплени 73, а во близина на преминот Капштица, на грчко-албанската граница, у-ште 21 килограми марихуна.

Пред два дена грчката полиција заплени 200 килограми марихуана во пограничниот регион.

Вчера пак, полицијата од јужниот албански град Саранда, заплени 700 килограми марихуна, чија крајна дестинација требало да биде грчкиот нарко пазар.

Акцијата насловена „Сопот 2014“ следувала по добиените сознанија по оперативен пат дека голема количина е транспортирана во селото Варфај, кај Делвина. Истата била во 17 торби скриени во грмушки.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески