Грчката полиција откри оружје и експлозиви во гумен чамец крај островот Иос

Од:

Најмалку шест лица се уапсени, а 12 други се приведени на распит пред истражен судија, во рамки на антитерористичка операција на грчката полиција, откако вчера крај брегот на островот Иос во Егејско море беше открен гумен чамец што превезувал оружје и експлозиви.

Како што јави Радио Атина, четири лица се уапсени во чамецот со оружје и експлозиви, додека девет, пак, биле приведени во грчкиот главен град. Поголемиот дел од приведените потекнуваат од регионот Ексарија, кој е познат по анархистичките акции.

Полицијата по соучесници во шверцот на оружке трага и во Солун. Приведените главно се странци, но меѓу нив има и Грци. Според грчките меидми, поголем дел од приведените странци се Турци.

Полицијата смета дека оружјето и експлозивите биле наменети за извршување напади во Турција. Нивното превоз бил организиран од група шверцери на оружје.

Властите, меѓутоа, се изненадени од фактот што во пратката со оружје имало и мини со какви располага само грчката армија.

Генералштабот на грчката армија соопшти дека оружјето не им припаѓало на Вооружените сили на Грција.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески