Грчката полиција бара информација за телефонските разговори на пратеници на „Златна зора“

Од:

Во рамки на истрагата за убиството на раперот Павлос Фисас, грчката полиција побара одобрение од Јавното обивнителство за да ги провери листите на телефонските разговори на пратеници на неонацистичката партија „Златна зора“.

Владата во Атина веќе побара судска истрага околу доказите за поврзаност на оваа, трета по популарност партија во Грција, со смртта на раперот со левичарски убедувања, кој беше убиен во вторникот вечерта, откако бил начекан во заседа од страна на 30-тина лица.

Полицијата очекува одобрение за да ги провери извршените телефонски разговори на двајца пратеници на „Златна зора“ и локален партиски лидер, за да се утврди кој со кого разговарал во ноќта на убиството на Фисас, изјави припадник на полицијата, кој побарал да остане анонимен.

– Од сега, па натаму секоја криминална активност за која ќе биде извршена од членови или симпатизери на „Златна зора“ ќе биде предадена на одделот за борба ротив тероризмот, соопшти полицијата.

Владата соопшти дека оваа партија ја смета за криминална организација и закана за јавната безбедност.

Министерот за јавен ред, Никос Дендиас, денеска им ја укина полициска заштита на пратениците на „Златна зора“, на која имаат право сите парламентарци.

„Златна зора“ соопшти дека осомничениот за убиството, кој се прогласи за приврзаник на партијата, не е нејзин член. Таа повеќепати негираше дека е поврзана со нападот, а нејзиниот лидер Никос Михалолиакос дури оцени дека партијата е жртва на „лов на вештерки“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески