Грчката полиција апси имигранти само поради надворешен изглед

Од:

Организацијата за правата на човекот „Хјуман рајтс воч“ денеска предупреди дека при операции за фаќање нелегални имигранти грчката полиција често пати приведува луѓе само заради нивниот надворешен изглед, а потоа се покажува дека само дел од нив во земјата престојуваат назаконски, пренесоа британските медиуми.

Полицајците ги повредуваат и психички малтрертираат имигрантите кои ги запираат и претресуваат, и често пати со часови ги држат во притвор, пред да се утврди нивниот идентитет, посочи организацијата во својот извештај.

Околу 130.000 имигранти годишно, главно од Африка и Азијја, се обидуваат да влезат во Европа преку „пропусливите“ грчки граници, но во Грција, земјата која веќе шеста година страда од длабока рецесија и рекордна невработеност, ги пречекуваат со засилено непријателство.

Од минатиот август, кога владата на Андонис Самарас ја презема операцијата „Ксениос Зевс“, полицијата уапси илјадници осомничени за незаконско престојување во земјата.

„Операцијата „Ксениос Зевс“ е се друго само не и гостопримство кон мигрантите и кандидатите за азил, кои редовно се запирани, претресувани и приведувани само заради нивниот изглед“,, коментира Ева Кос, експерт за Грција во Хјуман рајтс воч.

Во првите седум месеци од операцијата над 85.000 странци беа одведени во полиција, за да го докажат својот имигрантски статус, но не повеќе од шест проценти од нив се покажа дека нелегално престојуваат во Грција.
Многумина од приведените од улица се убедени дека биле запрени заради својот надворешен изглед, посочуваат активистите во својот извештај, цитирајќи ги интервјуата со 44 лица, кои биле проверувани барем еднаш од почетокот на операцијата. Од нив 35 имале право да престојуваат во Грција како кандидати за азил, законски странски резиденти или Грци од странско потекло.
ОН соопшти дека расистичките напади во Грција, изведувани понекогаш од луѓе што го носат знакот на крајнодесничарската партија „Златна зора“, достигнале алармантни размери, а властите прават премалку за да го решат проблемот.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески