Грчката крајбрежна стража спаси 13 мигранти од чамец западнат во невреме во Егејско Море

Од:

Грчката крајбрежна стража успеа да спаси 13 нелегални мигранти од чамец што западнал во силно невреме крај грчкиот остров Лезбос, во Егејско Море, пренесе ДПА.

Операцијата на спасување поприми драматични размери заради силниот ветар што се закануваше да го преврти чамецот, за ДПА изјави припадник на крајбрежната стража.

Чамецот бил забележен од трговски брод, што ги алармирал властите. Крајбрежната стража го пронашла чамецот, но не можела да ги префрли патниците на полицискиот глисер поради силниот ветар. Место тоа, глисерот го придружувал чамецот до најблискиот брег.

Во маневрирањето двајца од патниците во чамецот паднале во вода, но успеале да се фатат за ортома од чамецот и со неа да дојдат до брегот.

Медицински преглед на патниците покажал дека сите мигранти биле во добра здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески