Граѓаните на БиХ и на Албанија – најсиромашни во Европа

Од:

Според истражувањето на Агенцијата за статистика на Турција , Босна и Херцеговина и Албанија имаат најмала куповна моќ во Европа.

Во истражувањето е земен бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, мерен според паритетот на куповната моќ.

БДП по глава на жител во БИХ во 2011 година изнесува 30 отсто од европскиот просек, како и во Албанија, што е најнизок во Европа. Но, во случај на БиХ забележан е пад на овие индикатори, додека во Албанија раст, јави Анадолија.

Од другите земји на југоисточна Европа највисоко котира Хрватска, чиј БДП изнесува 61 отсто по глава на жител, а потоа следат Црна Гора (42), Македонија и Србија (35).

Најголем БДП по глава на жител е забележан во Луксембург, каде изнесува 271 процент од европскиот просек, а потоа следат Норвешка (186), Швајцарија (157), Холандија (131), Ирска (129), како и Австрија и Шведска (127).

БДП на Словенија изнесува 84 отсто од европскиот просек, а потоа следат Словачка (73), Унгарија (66), Турција (52) и Романија (49).

Бруто домашниот производ спроед паритетот на куповната моќ се смета за еден од најрелевантните индикатори за богатството на граѓаните на одредена држава.

Постојат големи разлики во животниот стандард на граѓаните меѓу земјите членки на Европската унија. Така, стандардот на граѓаните на Луксембург минатата година беше околу шест пати поголем од оној на Бугарија и Романија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Молотови коктели на протест во Тирана